Насловна / Архитектура / Стара камена куќа претворена во комфорна зона

Стара камена куќа претворена во комфорна зона

Пректантите од компанијата Majoral Tissino Architects од Барселона се одговорни за модернизацијата на оваа куќа во историското шпанско село Крујлес, кое се граничи со постојната куќа на клиентите, која исто така ја реновираа во 2013 година.

kuka

Со поврзување на овие две куќи, на тој начин е можно да се создадат нови и да се прошират постоечките простори за живеење на едно шпанско семејство.

Куќата, која има камени носечки ѕидови и традиционален покрив од ќерамиди, се наоѓа на спојот на две тесни улици во центарот на ова средновековно село во каталонскиот регион Бас Емпорд, пишува Dezeen.

kuka1

Пред реконструкцијата, објектот се состоел од приземје со засводен таван и кат кој бил поделен на неколку простории. Архитектите добиле задача да го реновираат и реорганизираат просторот за куќата подобро да одговара на барањата на клиентот.

“Барањето беше сосема невообичаено бидејќи првата куќа веќе ги исполнуваше сите услови за домување. Новата функционална програма опфаќа поширока дневна соба, студио отворено кон дворот и нова просторија“, објаснуваат архитектите.

kuka2

Проектот предвидува двете куќи од приземјето да се поврзат преку создавање на нов отвор покрај камениот надворешен ѕид. Овој премин во новата куќа води до простор со засводен таван, кој визуелно создава различни зони со помош на нивелирање.

Областа за седење во форма на буквата У се наоѓа на пониско ниво од едната страна и гледа на држачот што го поддржува телевизорот. Скалите од овој простор водат до коктел зоната со камин, на ниво под бетонскиот лак.

kuka3

Додаден е нов прозорец на западната страна за да се овозможи природната светлина да допре до циркулирачкиот простор, како и до просторот за живеење, кој претходно добиваше светлина само преку два мали прозорци на северната страна. Друг прозорец од спротивната страна на просторијата внесува светлина од терасата која се наоѓа меѓу двете згради.

Бетонските скали се поврзани со уште едно метално скалило кое води до новиот студиски простор, со тоалет и чајна кујна.

kuka4

Големата тераса свртена кон исток е создадена веднаш до студиото, со лизгачки врати кои овозможуваат внатрешниот и надворешниот простор да се отвораат еден кон друг. Бетонските подови од студијата дополнително се прошируваат кон отворениот простор, зајакнувајќи ја врската меѓу овие простори.

Последните скалила водат од студиото до спалната соба на мезанин. Прозорците лоцирани во оваа затскриена област нудат поглед на историската селска кула и планинскиот венец Монгри зад неа.

kuka5

kuka6

 

Испрати коментар

Scroll To Top