Насловна / Архитектура / Стара фабрика во Хелсинки претворена во Куќа за танц

Стара фабрика во Хелсинки претворена во Куќа за танц

Сместена на над 7.000 квадратни метри, Куќата за танц е дел од поширокиот план за реновирање на старата индустриска зграда што градот ја купил во 1991 година, со намера да го создаде Kaapelitehdas, најголемиот културен центар во Хелсинки.

9 (1)

Локалните архитектонски бироа ЈКММ и ILO добиле задача да реконструираат дел од постојната структура на поранешната фабрика за кабли, а во исто време да додадат нови простори на нејзиниот источен крај, кои се наоѓаат во внатрешноста на челичнна коцкаста структура.

10 (1)

КОНТРАСТ И ДИЈАЛОГ МЕЃУ СТАРОТО И НОВОТО

„Куќата на танцот додава впечатлив современ слој на историјата на поранешната фабрика и нејзината околина. Новото и старото се поставени во контраст, но тие се и во дијалог меѓу себе. Заедно, Куќата на танцот и Kaapelitehdas создаваат осмислена дестинација и го оживуваат соседството“, изјавија за Dezeen од бирото ЈКММ.

3 (1)

Во внатрешноста се сместени два black-box студиа за танц, каде Pannu Hall е сместен во редизајнирана сала на поранешната фабрика, која сега може да прими 400 луѓе, а Erkko Hall со 1.000 седишта во новоизградена структура, претставувајќи најголем простор за танцови перформанси во нордиските земји.

Овие два простора за изведба се наоѓаат од двете страни на влезното лоби, кое е поврзано со затворен простор налик на улица сместен помеѓу двете постоечки фасади, опишан од ЈКММ како „стаклен двор“.

4 (1)

Подземен клуб, гардероба, ресторан, простори за проба и простори зад сцената организирани се на пет нивоа заедно со сите циркулациони простории, проектирани да имаат потенцијал да се користат и како простори за изведба.

„Сите јавни простори во Куќата на танцот проектирани се имајќи ги на ум перформансите“, објасни архитектот Хари Линдберг од JKMM.

6 (1)

АПСТРАКНИОТ РИТАМ НА СЕВЕРНАТА ФАСДА

Големи челични панели – од кои едниот е мошне рефлектирачки, а другиот кородиран – ја формираат фасадата на проширената структура. Поставени се малку над нивото на теренот и на различни нивоа за да создадат ефект на поместување еден од друг.

14

На северната страна на зградата, свртена кон блискиот парк, фасадата е покриена со стотици мали алуминиумски дискови, дизајнирани да создадат „апстрактен ритам“ наспроти небото.

Имајќи го предвид овој дизајн, архитектите од ЈКММ додадоа дека „танцот се занимава со гравитацијата, леснотијата и тежината на човечкото тело“.

1

„Лебдечките“ метални фасади се дизајнирани со користење на технологија за ласерско заварување, со цел да се создадат сендвич панели по мерка со најголема можна површина, велат од JKMM.

5 (1)

Архитектите објаснија дека и изведувачите исто така создаваат илузии, додека лесната челична површина слична на сатен може да се трансформира со светлина и со тоа да стане дел од сценографијата на танцовите настани.

Во внатрешноста можат да се видат робусни материјали, како што се челик и бетон, кои се избрани да ја надополнат постојната структура на поранешната фабрика.

13

12 (1) 7 (1) 8 (1)

Испрати коментар

Scroll To Top