Архитектонското студио Archstudio трансформираше стара фабрика за лекови во музеј за современа уметност. Фабриката, што претходно била во состојба на распаѓање, е со локација во Zi Bo во Кина, а новиот дизајн се заснова на концептот на структура која е децентрализирана во однос на постоечката конструкција, истовремено создавајќи врски помеѓу внатрешните и надворешните простори. Додадената стаклена структура претставува ходник кој е мултифункционален, односно во него се поставени продавница за книги, чајна кујна, арт студија и простории за одржување дискусии и дебати.