Насловна / Архитектура / Стар стадион во Турција пренаменет во градска оаза

Стар стадион во Турција пренаменет во градска оаза

Навивачки трибини исполнети со книги? Пикник на трева по која некогаш трчале најголеми фудбалски асови? Новиот проект на архитектите од Турција докажува дека се може да се постигне со паметен (ре)дизајн.

1
Стадионите секогаш се сметале за предизвикувачка тема во архитектурата. Денес големите архитектонски бироа се тркаат кој ќе испроектира што покомплексни и еколошки одржливи спортски игралишта. Но, општеството и архитектонските критичари никогаш всушност не биле на страна на овие грандиозни градби, поради нивната економска и еколошка неодржливост и огромен јавен трошок кој ја следи нивната изградба и одржување. Од овие причини се почесто се зборува за пренамена на старите, ретко функционални стадиони, кои ја исполниле својата цел, а сега на граѓаните не им носат никаква корист.

6

Таква судбина го снашла и некогаш спектакуларниот стадион Antakya Atatürk во турската провинција Хатај, на кој локалното биро ONZ Architects му предвидел потполно нова, покорисна, некои би рекле и позначајна улога. Тие овој стар стадион го замислиле како пријатно место во кое можете да се сокриете од градската бучава, а да останете во строгиот центар. Големата површина на овој отворен објект овозможува од него да се направи јавен парк од едната, галериски простор од другата и културен центар од третата страна.

3

4
Контура во функција на одмор
Како што пренесува ArchDaily, необичната геометрија на оригиналниот проект во голема мера придонела за конечниот проект. Имено, стадионот го следи блага триаголна форма, сите три крака се свиткуваат кон внатрешноста и на тој начин ги заклонуваат зоните за одмор од остатокот на градот.

2

10
Плоштади на стадионот
Гледајќи го стадионот од улица, се гледа дека е оставено доволно простор за формирање на помали јавни плоштади во секој агол, додека пешачките и велосипедските патеки се спојуваат на раскрсница на градските сообраќајни линии. Главниот плоштад во средиште на проектот претставува уште една централна јавна површина и го збогатува урбаниот живот во Хатај.

5
Архиотектите истакнале дека најголем предизвик при проектирањето на новото културно – еколошко градско место претставувало проширување на зелената површина, како и имплементација на пасивно ладење и природна вентилација низ зелените кровови.

7

Хатај важи за една од „најзелените“ покраини во Турција, каде е честа пракса на крововите на комерцијалните објекти да се монтираат соларни панели, кои покриваат голем дел од енергетските потреби.

8 9 11 12 13

Испрати коментар

Scroll To Top