Архитектонското студио со локација во Банког, Idin Architects, трансформирале поранешен деловен објект во современо место за живеење. Објектот е со локација во главниот град на Тајланд и иститот има вкупно 7 ката, а на приземјето се наоѓаат простории за работа на семејниот бизнис со накит.
Архитектите го искористиле постоечкиот скелет на објектот, кој што бил во фаза на распаѓање и реализирале повеќе станови на различни нивоа. Секоја од станбените единици зафаќа два ката и содржи дневен простор, спални простории и кујна. На кровот се наоѓаат заеднички простории каде што е поставена и заедничката трпезарија за целото семејство.