Стапката на ДДВ за становите останува повластена пет отсто во следните пет години, изјави министерот за финансии, Драган Тевдовски. Според него, направени се законски измени што ќе им излезат во пресрет на барањата на граѓаните.
„За да им се излезе во пресрет на граѓаните, Министерството направи измени и во Законот за ДДВ, со кој се продолжува повластената стапка на ДДВ од пет отсто заклучно до 2023 година“, информира Тевдовски.