Насловна / Вести / Стапија на сила новите ЕУ правила за емисии од термоцентралите

Стапија на сила новите ЕУ правила за емисии од термоцентралите

Zagaduvanje od termocentrali

На 17 август, во службениот гласник Европската комисија ги објави новите правила за емисија од термоенергетските постројки, кои би можеле да доведат до затворање на оние централи кои се големи загадувачи, додека на останатите ќе им биде даден рок од четири годии за усогласување. Над 3000 големи постројки за согоруваање на фосилни горива (енергетски и индустриски) во ЕУ ќе мора да се усогласат со овие правила до 2021. Во моментот се смета дека дури 82% од термоцентралите на јаглен во Европа се опфатени со оваа мерка.

Zagaduvanje karikatura

Фосилните горива кои се опфатени со оваа регулатива се: јаглен, биомаса, течни горива, гас и индустриски отпад, а се работи за најдобрите достапни техники за согорување на големи постројки во согласност со Директивата 2010/75.

Се проценува дека трошоците за исполнување на новите правила за емисиите ќе надминат 15 милијарди евра, а еколошките организации со оптимизам очекуваат затворање на најголемите загадувачи.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top