Овој стан во Њујорк кој е презентиран на фотографиите, не е само обичен простор за живот, туку и место со приличнo импресивна приказна. Се работи за простор во кој престојувале бројни славни личности: модниот дизајнер Bill Blass, драмскиот писател Arthur Miller, пејачот Bobby Short, артистката Marilyn Monroе, па дури и еден шведски принц.
На терасата, наводно, се одржувале бројни приватни забави на кои, меѓу другите, било забележано и присуството на војводата и војводката од Виндзор.
Станот има 204 m2, се наоѓа на 13-ти кат, и има спектакуларен поглед на Ист Ривер.
„The New York Times“ пишува дека Marilyn Monroe и Arthur Miller се преселиле во овој стан веднаш по нивната венчавка во 1956 година, и живееле во него се до нивниот развод во 1961 година.