Секој купувач на стан во стара зграда се наоѓа во истата дилема. Како да се прилагоди старата организација на новите потреби? Како да се организира во што помалку квадрати подобар стан?
Архитектите од бирото „Гушиќ Архитектура“ во својот проект за ентериер на стан во Белград даваат можни одговори. Тие сметаат дека потребите на современите корисници најдобро може да се задоволат преку повторно применување и унапредување на принципите на „белградската школа на домување“.
Целта на овие принципи, според архитектот Гушиќ, е да се гради економично, а нивото на недостатоците на станот да се сведе на минимум.
УПОТРЕБНА ВРЕДНОСТ НА СТАНОТ
Флексибилност, кружна врска, проширена комуникација, дневна соба, работна кујна, работна соба, гардеробирање и остава се универзални квалитети кои придонесуваат за подобра „употребна вредност на станот“.
Меѓутоа принципите на „белградската школа за домување“, чија практична примена ја застапуваа архитектите Мате Бајлон, Бранко Алексиќ, Бранислав Миленковиќ, Дарко Марушиќ и многу други, со текот на времето за жал се заборавени.
Преку адаптација на станот Р88 со површина од 75 квадратни метри, архитектот Гушиќ повторно ги става заборавените принципи во преден план. За нивните можности најдобро зборуваат постигнатите резултати.
КРУЖНА ВРСКА ОКОЛУ СЕРВИСЕН БЛОК
Со внимателно реновирање на станот и модернизирање на наследениот простор, создадена е елегантна и флексибилна рамка за живеење, прилагодена на потребите на современото семејство.
Кружната комуникација околу централно поставениот санитарен блок ги поврзува влезот, сервисната и станбената површина на станот во една функционална целина. Со дополнително развивање на кружната врска како затечен елемент на станот, овозможено е непосредно поврзување на целата зона на заеднички содржини.
Тоа било можно само преку укинување на влезниот ходник како посебна просторија и формирање на послободна врска помеѓу внатрешниот и надворешниот простор.
ПРОЛАЗНА ДНЕВНА СОБА
Централниот мотив при реновирањето на станот била голема, пролазна дневна соба со трпезарија. Посебно внимание е посветено на нејзиниот дизајн и опремување.
„Проточноста на станот како единствена целина е нагласена со надоврзување на насоките, линиите и материјалите во рамки на дневната зона, со што се создава визуелно и функционално избалансиран простор“, вели Гушиќ.
Лизгачкиот панел во трпезаријата му дава можност на сопственикот на станот да го користи просторот на различни начини – од дружење покрај бар, до тивко опуштање со книга.
Посебен мотив во просторот е кружната трпезариска маса. Во овој случај, архитектот се одлучи за Floem Furniture трпезариски сет со четири столчиња. Станува збор за дрвен мебел во mid-century стил.
Од друга страна, ролетните со два отсто пропустливост на светлината се надоврзуваат на темата за брзи промени во карактерот на просторот во зависност од времето, моменталните потреби и расположението на корисникот.
Посебен акцент на дневната соба се црните елементи кои се во контраст со дрвените и белите површини. Покрај парчињата мебел како комоди, полици и масички, значајна позиција во дизајнот имаат и лизгачките врати кои го поврзуваат станбениот простор со полу-лоѓија.
РАБОТНА СОБА ВО СТАНОТ
Воведувањето на работна соба на местото на поранешната трпезарија е одговор на сè поголемата потреба од работа од дома. „Дизајнот на работната зона како топол амбиент со дрвени елементи и изразено природно осветлување создаде простор кој истовремено функционира како посебен блок и како нераскинлив дел од целиот стан“, вели архитектот.
Иако е мала по големина, оваа соба има важна улога во станот. Пред се затоа што ја задоволува виталната потреба за интеграција на работата и домувањето. Второ, затоа што е решена според системот на проширена комуникација, и на таков начин директно ја поврзува дневната соба со работната кујна.
Работната соба е уредена минималистички, без излишни детали и со многу природно осветлување.
ИЗДВОЕН БЛОК ЗА СПИЕЊЕ
Јасната поделба на зоните на дневни и ноќни активности е еден од клучните елементи на „употребната вредност на станот“. Овој принцип е применет и при реновирањето на станот. Но, како и остатокот од станот, спалниот блок е третиран со сведен архитектонски израз – со мирни тонови и текстури.
Спалната соба се состои од заедничка бања, дегажман и две спални соби.
Вградените плакари и мебелот по мерка обезбедуваат максимално искористување на функционалноста на блокот за спиење.
ВРАЌАЊЕ НА ЗАПОСТАВЕНИТЕ ПРИНЦИПИ
Реновирањето на становите и прилагодувањето на старите основи на потребите на новите корисници станува сè покомплексно. По купувањето на стан во стара зграда, клиентите и нивните архитекти се соочуваат со прашањето како да пристапат кон реорганизација и опремување на целосен и сеопфатен начин.
Адаптацијата на станот Р88 (како пример за добра пракса) ни го свртува вниманието на фактот дека принципите на „Белградската школа за домување“ се применливи и во современиот ентериер. Овие универзални принципи на синтезен модернизам на архитектите и нивните клиенти им даваат јасни насоки, елементи и рамки на делување.