Станицата „Créteil-Pompadour“ во предградието на Париз е дело на проектантската куќа AREP и датира од 2013 година.
Се работи за дел од поширока програма со цел креирање мултимодален транспорт во месноста Créteil на североистокот од Париз.
Реорганизацијата како дел од проектното решение опфаќа: подобрување на конекциите на различните начини на јавен транспорт, железничката инфраструктура е зајакната со цел да одговори на потребите на брзата железница SNCF, како и изградба на станична зграда и пешачки мост за поврзување со автобуската станица.
Решението овозможува ослободување на максимално расположив простор на кота нула, а особено е обрнато внимание на ризикот од поплави.