Вредноста на становите во неколку европски земји по втор пат може да паднат по максимумот што го имаа пред три години, затоа што тие беа преценети, ја цитира Bloomberg агенцијата Standard Poor’s. Во извештајот на агенцијата се вели дека цените можат да паднат кон крајот на оваа или во почетокот на 2011 година.
Станува збор за прв сигнал дека подемот на пазарите на недвижности, по достигнувањето на дното во првата половина од 2009 година, се уште не е сигурен.