Насловна / Архитектура / Станбениот блок во Амстердам со спални соби во плакар

Станбениот блок во Амстердам со спални соби во плакар

Холандското биро Blom Interieurs проектирало разиграни ентериери со спални соби во форми на плакар за станбениот комплекс Domūs Houthaven на Shift Architecture Urbanism во Амстердам.

Комплексот, кој содржи 235 компактни станови за изнајмување, е проектиран да обезбеди живеење со висока густина, ефикасно искористувајќи го просторот и материјалите.

1 (1)

Секој стан содржи плакар за спална соба со вградени полици и фиоки под креветот. Плакарот за спиење може да се одвои од дневниот простор со перфорирани челични преклопни врати.

2 (1)

„Затворете ги вратите и целиот стан ќе стане вашата дневна соба; отворете ги навечер и ќе имате огромна спална соба“, изјави за Dezeen партнерката на Shift Architecture Urbanism, Oana Rades.

Проектирани од Shift Architecture Urbanism, становите се со површина од 43 до 60 квадратни метри, со модуларни единици во блокови во боја, распоредени според основата на зградата.

3 (1)

Во срцето на секој стан се наоѓа „јадрото за паметно живеење“ – централна ќелија која се состои од кујна, спална соба, бања и простор за складирање. Со вклучување на складирањето од подот до плафонот, бирото максимално го зголемило просторот.

4

Blom Interieurs го надгледувале производството и монтажата на модулите за „јадро за паметно живеење“ и фиксниот мебел во заедничките простории.

Вратите од плакарите во спалната соба биле најпредизвикувачкиот сегмент, велат од бирото за Dezeen. „За ваква секојдневна интензивна употреба, вратите мора да бидат цврсти и робусни и во исто време лесни за ракување. Нашето решение е челик“.

5

Челични врати, бледи ламинатни подови, необработени бетонски плафони и бели ѕидови проектирани се во контраст со мебелот во интензивни бои и модуларните единици.

Како и до своите станови, станарите имаат пристап и до заеднички простории за соработка, живеење, готвење, помошни и градинарски простори. Shift Architecture Urbanism ги проектирале заедничките простори за да ја поттикнат интеракцијата помеѓу жителите и да ја „спречат осаменоста“.

6

„Комуналните простори се проектирани да се чувствувате како дома, како продолжение на сопствениот приватен стан“, вели Rades.

Вградениот мебел се наоѓа низ целиот повеќенаменски дневен простор, вклучително и седење обложено со дрво што служи како полица за книги.

7

Дневниот боравок и работниот простор ги одвојува мала кујна обложена со пастелно-зелени керамички плочки. Голем телевизор се наоѓа во дрвен орман кој делува како преграда на просторијата, а истовремено обезбедува дополнително складирање и отворени полици.

„Четири големи парчиња мебел делуваат како разделувачи на просториите, дефинирајќи го големиот отворен простор во помали кои делуваат интимно“, објасни Rades.

Целта на бирото е да користи различни бои, дезени и материјали. Вратите и прозорските рамки во пастелни тонови одговараат на завесите во секој од становите, додека вдлабнатите прозорски парапети обезбедуваат неформални места за седење.

„Користевме богата палета на материјали за дополнување со контрастен тактилен и графички изглед“, вели Rades и додава: „Палетата на материјали е многу разновидна: од бамбус и дрвен фурнир преку брановидни челични плочи до керамички плочки и терацо.

8

Павилјонот на кровот содржи заедничка кујна која функционира како студио за готвење, со централен остров обложен со тиркизни плочки и контрастна долга црвена трпезариска маса.

Шарена сива платформа за седење се протега под облото застаклување, кое овозможува поглед на околината.

Испрати коментар

Scroll To Top