Станбената зграда „Елипса“ во Љубљана, проектирана од бирото Sadar + Vuga, опкружена е со различни надградени, отворени и инклузивни јавни простори.
Меѓу другото, тука е и преден плоштад кој е формиран помеѓу внатрешен градски прстен, историското училиште и оваа нова елипсовидна зграда, завршена годинава.
На источната страна има градина со детско игралиште, кое претставува важен дел од надворешниот простор за живеење на станарите, додека шеталиштето покрај речниот канал ја поврзува зградата со блиската населба.
Објектот со елипсовидна форма има многу динамична фасада од едната страна, додека од другата е поедноставен, што е условено од различните карактери на неговата непосредна околина.
Високо ниво на приспособливост за секој стан
Љубљанската „Елипса“ содржи седумдесет станови, при што единиците се разликуваат по големината и организациската шема, како и по начинот на поврзување со надворешниот простор.
Елиптичниот облик на основата овозможил формирање на различни типологии, од мини станбени единици, преку класични станови, до дуплекси.
Структурниот систем на зградата овозможува високо ниво на приспособливост за секој стан, објаснија словенечките архитекти.
Станбените единици се движат од еднособни станови со лоѓија до пентхауси со големи тераси на кровот.
На северната страна, секоја соба во помалите станови излага на лоѓија која овозможува понатамошен премин низ станот, додека пространите и закривени балкони ја дефинираат јужната страна на овој елипсовиден волумен.
Дуален карактер на фасадите
Набљудувајќи ја организацијата на фасадите, може да се каже дека „Елипси“ има посебен дуален карактер каде северната страна на објектот е мирна и континентална, додека јужната е жива и медитеранска.
Оваа дуалност се потпира на тоа што локацијата на зградата е долж внатрешниот прстен на Фабијани и на концепцијата на Љубљана како град, која е под влијание на луксузниот медитерански начин на живот, но и построгата виенска станбена архитектура.
Фасадата на објектот е обложена со испреплетени хоризонтални и вертикални ленти минт зелена боја, носат брановидни керамички плочки.
Балконите функционираат како хоризонтални ленти кои се протегаат од нивото на фасадата кон зеленилото на пошумениот рид Головец.
Минт зелената боја продолжува во внатрешноста, во влезната зона како и во ходниците на зградата.
Големите ѕидни светилки и декоративните керамички подови го нагласуваат посебниот карактер на заедничките простори во внатрешноста на станбената зграда „Елипса“.