По намалувањето на данокот за соларна енергија за 98%, во Шведска дојде до бум во изградбата на ваков вид на згради.
И додека употребата на чиста енергија кај нас е присутна само во траги, земјите како што е Шведска со забрзано темпо ги збогатуваат своите градови со згради кои се енергетски позитивни. Таков пример е и новиот станбен комплекс во Линкопинг кој не само што изгледа добро, туку и произведува вишок на енергија кој се враќа во мрежата и на тој начин се заработуваат пари.
Покривот на зградата е покриен со високо-ефикасни фотоволтаични панели кои обезбедуваат повеќе електрична енергија, отколку што домаќинствата можат да потрошат.
Сепак, Шведска не била секогаш гостопримлива земја за проекти на соларна енергија, поради огромниот данок. Сепак, со оглед на тоа што владата го намалила данокот за дури 98%, дојде до бум во изградбата на енергетски-позитивни (активни) објекти како овој во Линкопинг, чиј проект е потпишан од страна на бирото Kjellgren Kaminsky Architecture.
Што се однесува до изгледот на објектот, архитектот сакал да оддаде почит на традиционалната архитектура на градот. Иако зградата е изградена во 2016 година, таа совршено се вклопува стилски во класичната естетика на градот. На тоа најмногу придонесуваат отворите во месинг боја, кои се истакнуваат на белата фасада.
Ентериерот на становите е светол и сведен, а благодарение на високите тавани, се изгледа многу пространо.
Зазелениот внатрешен двор со клупи служи за социјализација на станарите. Тука може да разговараат и за тоа колку заработиле минатиот месец од продажбата на електрична енергија.
Фото: via Kjellgren Kaminsky