Станбена архитектура со која се ревитализира француското пристаниште Ле Авр, се наоѓа во Нормандија и е сместена на вливот на реката Сена во каналот Ла Манш. Тој е вториот по големина пристанишен град во Франција. Познатиот архитект Jean Nouvel на пристаништето во 2008 година го реализира проектот Aquatic centre, со што градските власти јасно ставија до знаење дека доковите во пристаништето не се повеќе нејзин приоритет.
Сега архитектот Philippe Dubus реализира станбен блок со 65 станови од другата страна на улицата, како продолжување на напорите за ревитализација на оваа област.
Со изградбата на новиот станбен блок не се урива старото, туку се оддава почит кон изгледот на индустриското опкружување. Еден агол од стара зграда е сочуван од архитектот и во него се наоѓаат апартмани и студија. Правоаголни, нагласени форми, ги акцентираат волумените на објектите. Фасадите се прекриени со перфорирани челични панели. Паркинг просторот е сместен во приземјето.
Архитектите од студиото на Philippe Dubus Architectеs успеале да направат зграда со јасен идентитет, која ја почитува околината и покрај буџетските ограничувања што ги имале. Сите станови во објектите се распродале многу брзо, а жителите на овој станбен комплекс се воодушевени како од функционалноста, квалитетната изведба, така и од изгледот на целиот комплекс!