Архитектонското биро од Иран ASHARI Architects, во 2017 година под водство на архитект Amirhossein Ashari во соработка со архитектите Zahra Jafari и Afshin Ashari, проектираат интерсна станбена зграда, Gheisizadeh. Објектот е со површина од 1140 метри квадратни, се наоѓа во градот Шираз на југот од земјата.
Во станбениот објект Gheisizadeh главниот напор на проектантите е да се обезбеди максимален отворен простор за жителите, паралелно создавајќи максимална визуелна приватност надвор и внатре. Почетната идеја е да се создаде флексибилна и променлива фасада на зградата. Намерата е посакуваниот резултат да се постигне со менување на отворите, “Давајќи им право на жителите да го изберат нивото на приватност”.
Проектирани се тераси кои штитат од јака, директна сончева светлина во лето и ја користат сончевата светлина во ладниот зимски период. Како резултат на тоа, по испитувањата и грешките со различни материјали, избрани се метални перфорирани плочи. Овие плочи поврзани се со терасата со помош на шарки и можат да се превиткуваат едни на други. Кога шарките се затворени, нема надворешна визуелна врска. Покрај тоа, поради висината на зградата и сонцето под агол од 80 степени во летните пладнња на Шираз, овој тип на фасада ја контролира вознемирувачката летна светлина.
Спроведени се зелени елементи во вертикалниот ѕид на фасадата за да предизвикаат “чувство на дом” и да се поврзат со природните материјали кои ја контролираат светлината и гледаат во станбени простори. Прозорците се врамени со кутии кои се екструдирани од површината на фасадата, создаваат сенки на прозорците и јужната фасада. Рамките се инсталирани во расфрлана шема поради визуелниот аспект на дизајнот и спречување на монотонијата на фасадата.
Навечер, покрај осветленоста од рефлектното светло од вдлабнатите дупки, креирани се мали квадратни орвори со обоени светла на сивата фасада. Сите овие детали помагаат да се создаде ѕид со визуелна и функционална флексибилност на фасдата. Уште една значајна точка е создавање интегритет помеќу станбената зграда и дворот, што предизвикало проширување на прозорците. На влезот, подовите продолжуваат во внатрешноста на дворот до тротоарот за да го нагласат уникатниот идентитет на објектот.