Насловна / Архитектура / Станбен комплекс од дрво

Станбен комплекс од дрво

Typology_features_overview

Во многу европски градови расте побарувачката за станови кои ќе обезбедат солиден квалитет на живот и синергија со околината, но по прифатлива цена. Во тој контекст проектиран е повеќекатен станбен комплекс од дрво, дело на компанијата C.F. Møller, кој е наменет за новиот кварт Hagastaden во Стокхолм.

Kula od drvo

Објектот има тенденција да стане обележје на овој кварт, но и атрактивна локација за живеење. Заедно со уште четири планирани објекти, повеќекатниот комплекс ќе биде дел од атрактивниот нов дел на Стокхолм – Norrtull.

kula od drvo naselba

Повеќекатниот комплекс ќе пружа „добредојде“ на сите кои тука минуваат преку разни содржини – кафуле, супермаркет, библиотека и голем отворен јавен простор.

Kula od drvo enterier

Комплексот ќе му даде на градот нови визуелни искуства, вклучувајќи дрвена конструкција, зелени тераси на покривите, разновидност на динамичните фасади, како и различните видови станови – од студентски станови до пентхаус апартмани.

 

drvena arhitektura prednostiСтанарите ќе можат да изнајмуваат велосипеди и автомобили сместени во заедничките простории на приземјето.

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top