Филмското остварување на романот „50 нијанси сиво“ е моментално еден од главните хитови во светот, а дејствието се одвива во Сиетл, и се врти околу ликот Кристијан Греј и неговиот луксузен апартман, кој е всушност инспириран од локација што навистина постои. Тоа е стан во Eskala, една од најпознатите луксузни станбени згради во Сиетл, којашто е на пат да стане ново обележје на градот.
Долго време пред презентацијата на филмот, најпространетиот пентхаус во оваа зграда, со површина од околу 600 м2, беше продаден по цена од 6,2 милиони долари и стана најскап недвижен имот во Сиетл во последните три години. Постојат уште помали станови во оваа зграда, кои и понатаму се на располагање за купување, но не се споредуваат во однос на станот во кој би живеел Кристијан Греј. Компанијата специјализирана за недвижен имот и која е одговорна за овој станбен комплекс секојдневно добива голем број на барања за фото сесии, како и престој на една ноќ во познатиот пентхаус.
Шест станови се достапни за купување, а цената на секој од нив започнува од 1,8 милиони долари. Тие нудат совршен поглед на градот, заливот Елиот и на Олимписката планина. И со оглед на успехот и популарноста на филмот, цената на овие станови скока секој ден за неколку стотици илјади долари.