Насловна / Вести / Стан во срцето на Братислава, реновиран во согласност со динамичниот живот на семејството

Стан во срцето на Братислава, реновиран во согласност со динамичниот живот на семејството

Станот е целосно трансформиран по напорно реновирање, во согласност со желбите на едно петчлено семејство. Резултатот комбинира историски елементи и модерен дизајн, со акцент на паметните технолошки решенија.

1

Сопствениците на станот во срцето на Братислава, петчлено семејство, живеат со динамично темпо, поминувајќи поголем дел од годината на пат. Според тоа, тие сакале новиот дом да стане удобна основа за нивниот космополитски начин на живот, од каде што ќе патуваат низ светот.

2

Проектот за ентериерот и реновирањето биле доверени на чешкото биро Studio Arkhe.

Поради локацијата во историскиот центар на градот, идејата била да се врати оригиналниот карактер на станот. Инвеститорите биле јасни во намерата дека не сакаат да прават компромиси и дека новиот стан мора да следи високи животни стандарди.

3

Архитектите барале оптимално решение за организирање на просторот од 110 метри квадратни, на начин што ќе овозможи реализација на сите желби на клиентот: доволно простор за складирање во секој дел од станот, камин, две детски соби, спална соба со гардеробер, техничка просторија и три бањи.

7

Станот е поделен на дневна и ноќна зона. Во влезниот простор е кујната, дневната соба и гостински тоалет.

Средиштето на дневната зона го завзема елегантна кујна со егзотичен камен од Бразил и вградена витрина за вино.

Благодарение на професионално опремената кујна, можно е да се подготват и најпребирливите оброци во удобноста на домот.

4 5

Во кујната има шанк со барски столици, додека место за семеен оброк е кружна маса во дневната соба, нагласена со атрактивни лустери од дувано стакло од чешкиот бренд Bomma.

6

Централната зона е во визуелен контраст со нежна палета на бои и изразен природен камен. Комбинацијата на природен и темен даб, како и други материјали со богата текстура, заедно со интересни детали, го одредиле карактерот на ентериерот.

Приватниот, интимен дел од станот е одделен од заедничкиот дел. Има три спални соби и две засебни бањи.

8

Дневната соба и спалните соби се поврзани со ходник, чиј ѕид е покриен со вградени плакари, неопходни за едно семејство со три деца да складира работи.

Во детските соби доминира мебел дизајниран по мерка и мек тепих на подот.

9

Последната спална соба во станот е главната спална соба на родителите, со гардеробер и сопствена бања.

Во целиот ентериер видлива е посветеноста на дизајнот на секој детал, а посебно внимание привлекува изборот на осветлување. Мазни ѕидни облоги и огледала со голем формат визуелно го поврзуваат просторот и го прават да изгледа поголем.

11

Едно од барањата на клиентот било акцент на технологијата и паметните решенија. Затоа овој стан користи решенија како топлинска пумпа, централна вентилација и паметно осветлување, со цел станот да биде енергетски ефикасен, но и да се обезбеди атмосфера која лесно може да се прилагоди на моменталните желби на корисникот.

10 110

Испрати коментар

Scroll To Top