Насловна / Вести / Стан во Прага во поранешна фабрика за делови за авиони

Стан во Прага во поранешна фабрика за делови за авиони

Vanguard Prague е оригинален и амбициозен проект реализиран во станбена четврт во Прага. Станува збор за реконструкција и пренамена на стара фабрика за делови за авиони во станбена зграда. Повторно вратена во живот, оваа зграда содржи 150 станбени единици, од мали поткровја до ексклузивни пентхауси.

3 (1)

Предимензионираната конструкција со екстремна носивост и цврстина зрачи со специфична индустриска атмосфера, оставајќи отворен простор за креативност.

Еден од становите во овој автентичен станбен комплекс, со изложбен карактер, уреден е по проект на Иванка Ковалски, позната чешка дизајнерка на ентериер. Индустриската елеганција и современиот луксуз се испреплетуваат со уметничкиот дизајн, а секој детал е внимателно осмислен за да создаде амбиент на удобен дом.

2 (1)

Елеганција во индустриски стил под високи тавани

Шармот на елегантен индустриски стил е доминантна карактеристика на овој ентериер. Видливите бетонски тавани, видливите инсталации и цевки за вентилација, му даваат на просторот неконвенционален изглед, со неговата специфична декоративна естетика.

6 (1)

Импозантната висина на таванот од 4,5 метри создава драматично присуство и просторна ширина, истовремено оддавајќи почит на индустриското наследство на зградата.

Станот е конципиран како отворен простор, со заеднички простор за кујна, трпезарија и дневна соба. Минималистичката кујна во темно сиви тонови е целосно интегрирана во амбиентот на бетонските ѕидови, со кујнски остров кој се проширува во елегантна трпезариска маса.

5 (1)

Осветлувањето како уметничко дело создава магични рефлексии во ентериерот

Расветата Bomma со своите ексклузивни светилки направени од рачно дуван кристал, внесуваат допир на луксуз и софистицираност во ентериерот.

Лустерите во спалниот дел, инспирирани од јапонската техника на врзување јазли, со својата форма создаваат интересен контраст на индустриското опкружување, додека елегантното осветлување над трпезариската маса шири вистинска светлосна магија низ просторот. Овие светилки не се само осветлување, туку и уметнички изрази кои придонесуваат за карактерот на просторот.

4 (1)

Спалниот дел е одвоен од останатиот простор со преграда направена од стаклени призми, како ретро детаљ што овозможи слободно движење на природната светлина.

Во палетата на тонови, во ентериерот доминираат нијанси на сива боја, со црни и беж детали. Во индустриската естетика, динамика и боја внесуваат уметнички платна со голем формат, поставени на грубите бетонски ѕидови.

Испрати коментар

Scroll To Top