Овој уникатен апартман се наоѓа на 11. кат во зградата The Cortland во Њујорк, а располага со тераса од 320 квадратни метри. Може да се претпостави дека приватна оаза на отворено со оваа големина сигурно не е евтина, каде и да се наоѓа – оваа резиденција со пет спални соби е по цена од неверојатни 25 милиони долари.
„Кога ќе биде завршена, The Cortland ќе биде една од првите пет згради во Њујорк и најдобрата зграда во центарот на градот“, вели агентот за недвижности Шон Ошер. „Зградата е многу напредна во инженеринг и дизајн. Мислам дека ова е еден од најдобрите станови во Њујорк“.
Огромната тераса, најголема во зградата, е соодветно опремена со отворена кујна и станува составен дел од луксузниот стан. Сите соби имаат подови од бел даб, високи тавани и мермерни камини. Дневната соба и трпезаријата со отворен концепт нудат поглед на реката Хадсон и блискиот парк, додека кујната е опремена со апарати од висока класа. Импресивен е и примарниот апартман, во кој има двојни гардероби, камин и бања.
Станот од 409 квадратни метри е еден од 144-те единици во The Cortland и е првата проектантска соработка помеѓу реномираните архитектонски фирми Robert A.M. Stern и Olson Kundig. Зградата се издвојува по својата специфична фасада, која е направена од над милион рачно поставени тули, варовник и украсни бронзени детали.
Завидните содржини на зградата вклучуваат студио за јога, симулатор за голф, базен, спа центар за домашни миленици, спортски терени, игралишта за деца, музичка соба, сала за проекции, салон за настани, фитнес центар и многу повеќе.