Користењето на геометриските форми не е ништо ново во светот на дизајнот на ентериерите, но трендот неодамна дефинитивно направи огромен препород и беше подложен на доста спектакуларна еволуција како што се шири. Со играта на една геометриска форма ние можеме да добиеме безброј различни дизајни.
Овој стан се одликува со суптилна употреба на геометриските форми. Користејќи ги светлите нијанси на своите ѕидови, деталите во свежи и впечатливи бои се позабележливи.
Поради релативно малата квадратура од 60 м2, дизајнерот морал максимално да го искористи просторот, па така, работната маса ја има сместено во еден мал агол од дневната соба.
Чистите линии и геометриските форми и едноставните материјали ги дефинираат дневната соба и кујната.
Во еден дом со неколку прозорци, како што е овој, секогаш има потреба за создавање на дополнителна длабочина во просторот со помош на игра со потемни и посветли тонови на ѕидовите и преградите.