Овој стан е дело на украинската дизајнерка на ентериери Елизабет Данина, која со овој проект успеала еден релативно мал стан за млад брачен пар да го претвори во прекрасен и удобен дом.
Со многу едноставни потези оваа дизајнерка го уредува овој дом. Едниот ѕид е изведен од полна тула која е обоена со бела боја а останатите ѕидови како и плафонот се скромно рустично обработени, но и тие се обоени во бела боја.
Поставувајќи едноставен, стилски и шик мебел, кој заедно со тепихот и дел од завесите се во сива боја, Данина во овој простор внесува контраст на белата боја и така го „смирува“ целиот амбиент.