Овој стан е проектиран од страна на проектантите на компанијата BosaSPACE и нивната главна водилка е како еден простор да може да се употребува по потреба на неколку различни начини.
Така, тие употребувајќи неколку иновативни парчиња на мебел ги решаваат проблемите со кои се соочува речиси секој стан кој е со лимитиран простор.
Трпезариската маса влегува под работната маса во кујната па така таа може да се извлече по потреба и во должина која е потребна во дадениот случај.
Платформата на која е поставен плазма телвизорот може да се спушти и да се претвори во кревет за спиење.
Дневната соба исто така е трансформабилна па истовремено може да се трансформира од дневен престој во спална соба или трпезарија.