Индустрискиот дизајн сè повеќе наоѓа примена во современите ентериери, во простори наменети за работа, дружење со пријателите, но и во простори наменети за домување.
Овој дом се стреми кон типична употреба на бетонот како обработка на елементи во внатрешноста. Бетонот се јавува како недовршен, неисправен, несовршен. Како главна тема на ентериерот се јавува еден од ѕидовите што ја ограничува кујната, но исто така и бетонскиот остров од кујната каде се поставени и нишалките на кои се седи на шанкот.
Вкупниот впечаток кој ни го дава дизајнот на ова поткровје е целосно боемско место за живеење.