Бетонот како материјал најчесто има груби рабови. Кога станува збор за бетонот, на памет ни паѓаат бетонските фасади на зградите, бетонските рабови на улиците и слично. Но, во поново време се повеќе и повеќе почнува натур бетонот да се употребува и во енериерите, најчесто во оние кои се дизајнирани во индустриски дизајн.
Ова е апартман во кој бетонот нема носива улуга, туку, тука е поставен за да создаде шик, градски и изглед на недовршеност на површините.
Овој простор е супер шик бидејќи користи најразлични елементи на стилот, се со цел да оствари еден изедначен изглед.
Бетонските елементи во дневната соба го затвараат овој простор, но ѕидовите кон спалните соби кои се транспарентни даваат впечаток дека се работи за многу поголем простор.
Стаклените блокови во кујната и бањата пропуштаат големо количество на природна светлина без да ја нарушуваат интимата.