Овој ентериер е уреден од страна на тим дизајнери од руското биро Izumoff Design Studio. Просторот голем 48 метри квадратни е украсен со комбинација на неколку стилови, а крајниот резултат е многу модерен женски стан со многу стил.
Централниот дел на станот се состои од кујна, дневна соба и трпезарија, кои се функционално поврзани во една единица. Иако во ентериерот доминира дрво во бела боја, заради одредени „индустриски“ детали како што светлечки предмети, кујната изведена од материјал кој имитира бетон и кровните греди, просторот на особен и интересен начин спојува неспоиви стилски елементи. Секако, деталите се тие што овој ентериер го чинат интересен и посебен.