Овој стан се развива на само 50 м2, но распоредот на просториите на истиот е толку добро решен што имаме чувство дека е многу поголем. Наменет е за живот на млад брачен пар кој има само едно дете. Овој стан се состои од дневна соба, спална (детска) соба, кујна со трпезарија и бања. Поради ова, дневаната соба се развива на релативно мал простор и истата во текот на ноќта се трансформира во родителска спална соба. Целиот стан е уреден во црно – бел мебел и ѕидови. Во секоја од просториите има жолти детали кои му даваат на овој стан свежина и ја „разбиваат“ црно-белата монотонија.