Ветерна централа во која може да се живее. Ваков предлог нуди Murtad Alkaabi, преку дизајн на подвижна фасада со интегрирани мини ветротурбини. Овој концепт, освен што произведува електрична енергија, создава ефект на трева која ја ниша ветрот, па и визуелно изгледа доста интересно. Во услови кога ветрогенераторите стануваат се поголеми, и никој практично не сака да живее во близина на ветерните паркови, ова е навистина иновативен концепт. Да се живее во самата ветерна централа.