Миланската дизајнерка Кристина Целестино, дизајнира и претстави колекција на стаклен мебел, кој особено ќе им се допадне на дамите. Имено, се работи за тоалетни масички Opalina, кои ги карактеризира софистицираност и минималистичка естетика.
Направени од дебело млечно стакло со лесно зелен ефект, имаат заоблени линии за да изгледаат нежно и декоративно, а се и функционални, бидејќи освен огледала имаат и интегрирани фиоки.
Тоалетните масички доаѓаат во две различни големини, а во однос на својот елегантен и атрактивен дизајн со истакната транспарентност, може сосема дискретно да се постават во кој било простор без да го нарушат изгледот на постоечкиот.