Оваа славина од чисто стакло е како лекција од физика и парче од купатило споени во едно. Кога е затворена, таа е само уште една провидна славина, но кога ќе се одврти и ќе протече вода низ неа – тогаш магијата почнува.
Од славината почнува да тече вода, создавајќи вител во самата основа на елементите и потоа како водопад се спушта во мијалникот или во вашите раце.
Славината ја креирал познатиот француски дизајнер Филип Старк.