Насловна / Градежништво / Стаклена платформа за авантуристи на облакодер во Чикаго

Стаклена платформа за авантуристи на облакодер во Чикаго

staklena platforma vo cikago_4

Новата атракција е поставена во облакодер во Чикаго и се однесува на посетителите што не се плашат од авантури и височини. Опсерваторијата „360 Чикаго“, порано позната како опсерваторија „Џон Хенкок“, поставила платформа за набљудување, која малку се разликува од типични платформи. Таа постепено се навалува надвор од масата на облакодерот под агол од 30 степени на височина од 305 метри.

staklena platforma vo cikago_3
Идејата е замислена од страна на инженерска компанија Thornton Tomasetti, која сакала да им овозможи на посетителите на опсерваторијата ново искуство со кое тие можат да ги тестираат сопствените граници. Се разбира, такво нешто барало долго планирање и развој. Оригиналните цртежи на облакодери морале да бидат проучени заедно со мерките на постоечката платформа. Процесот на проектирање барал континуирани прегледи и ревизија.
Почетната изработка на челичната конструкција била завршена во февруари оваа година, а платформа поставена на крајот на тој месец. За да се постигне тоа, западниот дел на постојната платформа за гледање морал да биде преправен со поставување на челична рамка, со поврзување на хидраулична единица и со тестирање на целата платформа.

staklena platforma vo cikago_2
Облакодерот се наоѓа во близина на брегот на езерото Мичиген и посетителите на опсерваторијата имаат импресивни погледи од 360 степени на цело езеро и на Чикаго. Самата платформа може да прими осум корисници во исто време и се придвижува со помош на хидраулични цилиндри. Кога гостите се сместуваат безбедно во самата внатрешност, на 94 кат од зградата, платформата се навалува кон надвор прво за 19 степени, потоа за 25, и на крајот за 30 степени, заедно со набљудувачите.
Посетителите можат да ја испробаат оваа уникатна платформа, по цена од пет долари (плус редовната цена за влез во облакодерот).staklena platforma vo cikago_1

Испрати коментар

Scroll To Top