Насловна / Архитектура / Стаклена платформа на 100-ти кат во Њујорк

Стаклена платформа на 100-ти кат во Њујорк

Највисока во западната хемисфера, триаголната платформа „Edge“ извира од 100-тиот кат на супер висок облакодер дизајниран од архитектонската фирма “Kohn Pedersen Fox” (KPF)  во рамки на големиот развоен проект Hudson Yards на Менхетен.

platforma1
Одликувајќи се со уникатен дизајн, платформата делува како да виси во воздухот без очигледна поддршка, и остава впечаток како да летате низ небото додека уживате во панорамски поглед кој ретко се гледа.
Триаголниот облик на платформата го следи обликот на застаклениот дел од подот и ја рефлектира формата на отворот на самиот врв на облакодерот, неколку подови над платформата. „Edge“ е свртена на јужната и источната страна на облакодерот и се состои од 15 сегменти кои формираат платформа и аголна подлога.
Вкупната тежина на платформата е 346.998 килограми.

platforma5
Наместо стандардна ограда, околу платформата подигнати се 79 високи стаклен панели без рамки, за да не се спречи погледот на реката Хадсон, Централ Парк и познатата зграда Empire State Building.

platforma

Стаклената бариера е малку наклонета нанадвор, дозволувајќи им на посетителите да се потпираат на неа и да имаат подобар поглед на околината.

platforma3
Посетителите можат да уживаат во погледот од внатрешноста на зградата. На исто ниво има бар, додека на 101-ти кат има ресторан „ Peak“ до кој се стигнува со лифт или од надвор од скалите од платформата. Двата спрата се застаклени со големи транспарентни панели, додека ентериерот на угостителските објекти е уреден од њујоршката фирма „Rockwell Group“.

platforma4

Испрати коментар

Scroll To Top