Високо над Tower Bridge во Лондон, мостот стар 120 години, беше отворен првиот од двата пешачки премини со стаклен под од кој може да се набљудува стариот мост и реката Темза.
Новата пешачка патека обезбедува ретка можност да се погледне директно надолу кон реката, што претставува вистинска атракција и секој ден примамува по 40.000 посетители.
Оваа туристичка атракција, која се издига на 42 метри над реката, со должина од 11 метри и ширина 1,8 метри, беше направена за две години. Посебно воодушевувачки се погледите кон мостот кога е подигнат. Ова е првата инсталација, додека втората со стаклено панорамско дно треба да биде завршена до 1 декември.