Посетителите на Медисон Сквер во Њујорк до крајот на 2016 година ќе бидат во можност да уживаат во стаклениот лавиринт поставен над човечка висина. Инсталацијата е дизајнирана од артистот Teresita Fernandez и е долга 152 метри. Нејзината главна идеја е да создаде „превртена“ скулптура на отворено во која ќе може да се огледуваат сите пешаци кои поминуваат од тука. „Фата моргана“ како што е името на оваа инсталација, претставува оптички феномен кој ги искривува сликите на објектите во непосредна близина, со што тие стануваат целосно непрепознатливи за луѓето.