Во рамките на проектот за уредување на центарот на Ајдховен, што подразбира трансформација на овој дел во зелена културна област, предвидена е и трансформација на стариот трговски центар што се наоѓа таму. Старата зграда ќе биде „освежена“ со нов стаклен додаток на врвот. Овој дел во форма на планина всушност ќе биде музички агол сместен меѓу зелените покривни површини над постојниот музички простор на овој трговски центар. Проектот го направи MVRDV.
Музичкиот дел ќе биде проширен така што таму ќе може да се одржат настани со поголем капацитет. Планирано е да стане ново обележје во градот бидејќи ќе се издигне високо на небото. Посетителите ќе можат да се искачат на оваа стаклена конструкција од каде ќе се обезбеди поглед на целиот град. Објектот ќе биде сместен во центарот на настаните и ќе стане место за собирање и релаксација каде луѓето доаѓаат спонтано за културно-рекреативни содржини, но и за шопинг.
Покрај овој трговски центар, плановите за развој се однесуваат и на проширување и „отворање“ на постојните згради со цел подобро да се интегрираат со околните јавни простори. Во моментов, покриените премини ќе бидат заменети со отворени улици, додека покривите ќе бидат зелени и достапни. Измените ќе вклучуваат претворање на постојните комплекси во седум нови градски блока кои се шират кон и на покривите. Целта е да се направи ова соседство повторно привлечно.
Физибилити студијата е следниот чекор и се очекува на крајот на годината.