Швајцарскиот стадион St. Jakob-Park, дома на фудбалскиот клуб „Базел“, ќе биде преуреден после 20 години користење, а посебно внимание ќе биде посветено на одржливоста. Проектант е архитектонското биро Herzog & de Meuron. Архитектите се надеваат дека со реконструкцијата ќе овозможат многу пододбри услови за публиката, благодарение на оптимирањето на безбедноста и пристапот кон објектот, со цел тој да биде отворен и кога нема натпревари. Намерата е култната фасада да се замени со софистицирана обвивка, која на стадионот ќе му даде единствен изглед и ќе овозможи и пренос на натпреварите. Стадионот кој моментално има 36.500 седишта ќе има фотонапонска обвивка за целиот објект.
Градбата има облик на дијамант и ја красат боите на клубот – црвена и сина, а новата динамичка фасада може да се користи како екран за пренос на натпревари. Новата фотонапонска обвивка ќе генерира енергија за потребите на објектот, а компонентите можат да се расклопат и подоцна да се користат за други цели. За фотонапонскиот покрив ќе бидат потрошени минимални количини на материјал, а ќе собира и дождовница за наводнување на теренот.