„Златниот“ Lusail стадион во Катар ќе биде домаќин на финалето на FIFA Светското првенство 2022. На овој стадион ќе се одиграат вкупно 10 натпревари во склоп на настанот, а официјално е отворен на 9-ти септември. Проектиран од страна на реномираното британско студио Foster + Partners, стадионот со 80.000 седишта се наоѓа северно од Доха. Со својата „златна“ фасада проектиран е да биде впечатлив дел од градот.
Перфорираната фасада која ја пропушта светлината во внатрешноста нa стадионот е составенa од бројни рамни триаголни елементи потпрени на челична рамка за да се добие закривена форма. Создавањето на импресивна атмосфера за гледачите и играчите била почетната точка за дизајнот. И покривот и фасадата се изведени на начин кој обезбедува пониска потрошувачка на енергија. Стадионот е оценет со 5 ѕвездички според Глобалниот систем за проценка на одржливоста. Стадионот е последниот објект кој е завршен во очи на настанот кој започнува на 20-ти ноември, а финалето е планирано за 18-ти декември.