Насловна / Архитектура / „Стадионот на Први мај“ во Северна Кореја, најголем на свет (видео)

„Стадионот на Први мај“ во Северна Кореја, најголем на свет (видео)

Најголемиот стадион на светот „Стадионот на Први мај“ се наоѓа во Пјонгјанг, главниот град на Демократска Народна Република Кореја или позната како Северна Кореја. Стадион има 150 илјади места за седење, завршен е на 1. мај 1989. година во време кога Пјонгјанг највеќе се изградил. На овој стадион се одржуваат големи спортски натпревари и надалеку прочуените, величествени слетови во чест на државните празници на Северна Кореја. Површината на теренот е 22.500 квадратни метри, а површината на објектот е 207 илјади квадратни метри, има осум ката и висок е 60 метри.

1_resize

Формата на стадионот е дефинирана со кровот кој има вкупно 16 лака распоредени во прстен и наликува на цвет на магнолија.

Овој стадион располага со максимална технологија, најсовремени сали за тренери, судии, допинг контрола и целата неопходна опрема.

Откако Летните олиписки игри 1988. година се доделени на Сеул, Северна Кореја успешно конкурирала да организира 13. светски фестивал на млади и студенати во Пјонгјанг 1989. година. Во припремите за фестивалот во земјата се правеле масивни градежни проекти, од кои еден бил „Стадионот на Први мај“.

2_resize

6_resize

Од 28. до 29. април 1995. година на стадионот се одржал „Судар во Кореја“, најголем настан на професионално борење одржан било кога. Според податоците на локалните власти имало  150.000 и 190.000 посетители.

5_resize

Од јуни до јули 2002. година, стадионот бил место на гимнастички и уметнички перформанс, тоа е настанот „Ариранг Фестивал“. Фестивалот опфаќал преку 100 илјади учесници и бил отворен за странци. Овој фестивал отогаш станал традиција и секоја година се одржува на стадионот во Пјонгјанг, обично во август и септември. Гинисовата книга на рекорда фестивалот од 2002. година го препознала како најголем гимнастички настан било кога одржан, со 100.090 учесници.

3_resize

4_resize

На меѓукорејскиот самит во септември 2018 година во Пјонгјанг, претседателот Мун Јоe-ин на Јужна Кореја и претседателот Ким Јонг-ун на северна Кореја на„Стадионот на Први мај“ пред 150.000 гледачи одржаа говоро за обединување, мир и соработка.

7_resize

Во јули 2019 година, Ким Јонг-ун беше домаќин на генералниот секретар на кинеската комунистичка партија и претседател на Кина, Си Џинпинг, а на стадионот се одржа специјална, грандиозна масивна гимнастика и уметничка изведба наречена „Непобедлив социјализам“, по повод 70-годишнината од односите меѓу Кина и Северна Кореја.

Испрати коментар

Scroll To Top