Неверојатниот стадион „974“ во Катар на кој се одиграа седум натпревари на ФИФА Светското првенство е расклопен и ќе биде испратен на друг крај на светот.
Познато е дека стадионот „974“ е монтажен, направен од 974 контејнери, а Катар веќе ги „спакува“ неговите делови и ќе ги прати во Уругвај. Уругвај, Чиле, Аргентина и Парагвај се надеваат да ја добијат заедничка кандидатура за Светското првенство во 2030 година. Во 2030 година ќе се обележи 100. годишнината од првото СП одржано во Уругвај, Уругвајците сакаат токму во Монтевидео на овој стадион да се играат натпреварите.