Фудбалскиот стадион и поранешен домашен терен на фудбалскиот клуб Арсенал бил изграден во 1913 година на местото на универзитетскиот објект за рекреација, пред да прерасне во „Дом на фудбалот“, како што тогаш го нарекувале. Низ децениите, стадионот се развивал и проширувал за да се приспособи на зголемувањето на бројот на навивачите на Арсенал, но кон крајот на векот веќе почнува да ја губи битката со времето.
За понатамошно проширување на стадионот воопшто не се дискурало, бидејќи од сите страни бил опкружен со станбени згради. Арсенал го игра последниот натпревар на овој терен во 2006 год., по што се сели на својот нов стадион.
По затворањето на стадионот во 2006 година, Арсенал даде на аукција многу делови од него, вклучувајќи и делови од теренот, стативите и бирото на поранешниот директор Џорџ Грахам. Денес, со проектот познат како „Плоштад Хајбери“, стадионот е реновиран и претворен во 650 апартмани. Северната трибина и трибините Clock End се срушени.
Екстериерите oд источната и западната трибина се зачувани и имплементирани во новите градби, додека остатокот од структурата на трибините е отстранет. Зелениот терен е трансформиран во градина, а тунелот низ кој поминуваат играчите е претворен во ходник кој води до градината. Апартманите на плоштадот Хајбери се достапни за продажба, почнувајќи од минимум половина милион фунти.