Насловна / Архитектура / St. Regis Resort Kanai во Мексико – испреплетени кружни форми во мангрова шума

St. Regis Resort Kanai во Мексико – испреплетени кружни форми во мангрова шума

Архитектите од биро Edmonds International проектирале хотел во близина на Playa del Carmen во Мексико, кој се состои од низа испреплетени кружни форми вградени во мангрова шума.

Составен од низа павилјони, хотелот St. Regis Resort Kanai се наоѓа во близина на резерватот Sian Ka’an на брегот на Yucatán во близина на туристичките градови Playa del Carmen и Cancún.

1

2

Резултатот е низа кружни и полукружни павилјони кои се подигнати над мангровата шума, додека ориентацијата на фасадите е проектирана да го отвори одморалиштето кон природната околина и кон морето.

3

„Околниот природен пејзаж беше физички заштитен за време на изградбата, истовремено обезбедувајќи постојан природен проток на вода до околните мангрови под постојано водство и надзор на владината агенција за заштита на животната средина“, изјави основачот на бирото Мајкл Едмондс за Dezeen.

4

„Употребата на префабрикувани елементи и монтажни бетонски темели заедно со челична конструкција направено е со цел да се избегне прекумерно лиење на бетон на лице место за време на изградбата“.

5

Градбите што се ориентирани кон морето обложени се со низа бели проѕирни панели . Давајќи им на објектите транспарентен изглед, панелите се изработени од Ферари текстил обложен со тефлон, затегнат преку челични рамки обложени со прав.

6

Станбените простори на одморалиштето се полукружни, додека јавните простори се кружни со дворови во средина во кои има содржини.

Според архитектите, кружната програма настанала под влијание на космологијата на Маите.

7

„Архитектурата произлегува од органската интеграција внатре во геометријата на мангровите каде што се наоѓаат и идеите на Маите.“

„Дизајнот се појавува како два пресечени круга кои содржат јавни површини, и три полукруга со поголем радиус што се отвораат кон мангровата шума и во втората рамнина кон океанот“.

9

Низ издигнати патеки ги поврзуваат различните програми и, кога се гледаат одозгора, геометриски ги надополнуваат полукружните станбени обвивки.

Во дворовите и пешачките патеки, градините, базените и другите водни елементи се испреплетуваат од дневните соби и останатите содржини,  вклучувајќи спа и осум одделни ресторани.

11

Патот води до влезот под конзолната тераса, што води во лобито, кое се наоѓа на спој на повеќе програми.

Лобито е трикатен, делумно отворен простор, кој се карактеризира со варовник, орев и текстил што проектантот на ентериер Chapi Chapo Design го пренел низ целото одморалиште.

13 12 8

Испрати коментар

Scroll To Top