Електропривреда Србије (ЕПС) соопшти дека Надзорниот одбор донел одлука за формирање на компанија во Словенија – “EPS Trgovanje”. Со овој потег, ЕПС создава услови за трговија со електрична енергија во Европската Унија, со што несомнено ќе се олесни и трговијата во регионот. Се очекува зајакнување на позицијата на ЕПС во Словенија, но и на регионалниот пазар,токму преку работењето на новоформираната компанија.
Извор: Akter