Насловна / Вести / Српското електростопанство доживеа сериозен хакерски напад

Српското електростопанство доживеа сериозен хакерски напад

Електростопанството на Србија (ЕПС) е трета енергетска компанија во регионот на поранешна СФРЈ, која во последната година често била мета на хакерски напади или закани. Во слична ситуација на крајот на ноември се најде и словенечкиот Holding Slovenske Elektrarne (HSE), а во август минатата година и Elektroprivreda Crne Gore (EPCG). ЕПС се опоравува од незапамтен хакерски напад, кој за среќа не го загрозил производството. Од безбедносни причини IT системите се ставени вон функција, со цел целосно елиминирање на вирусот, истакнуваат од компанијата.

eps1

Хакерските напади се почесто се случуваат ширум Европа и светот, па во слична ситуација неодамна се најде и Holding Slovenske Elektrarne (HSE). Но, оваа компанија успешно се изборила со тој напад. ПОради нападот кој минатата година го претрпела EPCG, компанијата била принудена да премине на рачно управување со електраните, а одлучиле и некои од корисничките сервиси да бидат привремено недостапни.

Испрати коментар

Scroll To Top