Соларните „Strawberry Pametne Klupe“, развиени од страна на српската компанија „Strawberry energy“, поставени се минатата недела премиерно на четири локации во „Canary Wharf“, деловниот кварт на Лондон. „Strawberry Pametna Klupa“ е ново технолошко решение на компанијата „Strawberry energy“ за потребите на градовите на иднината.
Напојувано со соларна енергија, ова модерно урбано решение пружа услуга за бесплатно полнење на мобилните уреди преку вградени кабелчиња, USB влезови и сл.