Насловна / Вести / Средно училиште во Романија ја намали потрошувачката за 60% и стана енергетски независно

Средно училиште во Романија ја намали потрошувачката за 60% и стана енергетски независно

Elie Radu е најголемо државно училиште во Романија, во градот Плоешти, кое е реновирано во согласност со стандардот на „речиси нулта потрошувачка на енергија“ (NZEB). Со користењето на иновативни енергетски ефикасни мерки, потрошувачката на енергија во училиштето е намалена за 60%, а најголем дел од потребната електрична и топлинска енергија се произведува на самото место во фотоволтаици и соларни термални колектори.

ploesti1

ploesti2

Зграда со речиси нулта потрошувачка на енергија (NZEB), според ЕУ стнадардите, е зграда со многу високи енергетски перформанси, односно ниска потрошувачка на енергија, која најголем дел од потрошената енергија ја обезбедува на самото место од обновливи извори на енергија. Суштината на концептот на NZEB е заедничката примена на обновливите извори на енергија и мерките за енергетска ефикасност. После енергетската реконструкција, училиштето во Плоешти во целост ги задоволува потребите од енергија вон грејната сезона, се вели на сајтот на проектот Romania Eficienta, во склоп на кој е реализирана реконструкцијата вредна 1 милион евра.

ploesti4

Реновираната зграда опфаќа училници и ученички дом со вкупна површина од 1.500 метри квадратни. Се користи од страна на 250 ученици, 60 наставници, како и 80 ученици сместени во ученичкиот дом. Работите на енергетската санација односно реконструкција ги опфатиле следните позиции на надворешноста и во внатрешноста на објектот:

  • Изолација на надворешни ѕидови, балкони и подови со минерална волна со дебелина од 15 cm и огноотпорен екструдиран полистирен со дебелини од 12 cm и 20 cm;
  • Целосна замена на врати и прозорци со енергетски ефикасни производи
  • Замена на класичните со ЛЕД светилки, како и вградување на паметен систем за управување со осветлувањето
  • Монтажа на 14 фотоволтаични панели со поединечна инсталирана моќност од 410 Wp;
  • Вградување на систем за загревање на вода со 10 соларни термални колектори и акумулатори на топлина.
  • Замена на цевки и радијатори во целата зграда и вградување на термостатски вентили
  • Монтажа на опрема за филтрирање на воздухот, со систем за рекуперација на топлината и опремување на училниците со системи за дезинфекција на воздухот.
  • Вградување на елементи за создавање сенка на прозорците  (shading devices), за да се намалат топлинските добивки од сончевото зрачење.

Испрати коментар

Scroll To Top