Насловна / Вести / Среде лето воздухот е загаден како во зима, Скопје, Кавадарци, Гостивар, Тетово…

Среде лето воздухот е загаден како во зима, Скопје, Кавадарци, Гостивар, Тетово…

Извештаи за загадувањето на воздухот со ПМ 10 и ПМ 2,5 честички вчера покажаа дека воздухот во речиси целата земја е многу загаден. На повеќе мерни места бројките покажуваат загадување повеќе од 100, а максимално дозволената концентрација е 50.

з_resize

Цело Скопје e околу 100 µg/m3, како да сме сред зима. Во скопските општини Карпош синоќа беа измерени 119 µg/m3, а во Центар 95 µg/m3 од ПМ10 честичките. Додека завчера во Кичево во 16 часот беа измерени 135 µg/m3ПМ10, а во Тетово во 18 часот со 123 µg/m3 од ПМ10 честичките…

з2_resize

Невладината организација О2 иницијатива алармираше за невообичаено високите бројки на загаденост на воздухот и во Кавадарци, Гостивар, Тетово, Велес, Кичево, Битола, Куманово, Кочани, дури и во Лазарополе.

Нејасни се причините за ова, бидејќи летото само што почнува, температурите се околу 35 степени, а намалено е нивото на сообраќај низ градовите, велат активистите и ги повикуваат надлежните итно да излезат на терен и да проверат и да објаснат што се случува.

з1_resize

Испрати коментар

Scroll To Top