Насловна / Вести / Средба со словенечката архитектура

Средба со словенечката архитектура

KIR_0025
Синоќа во рамките на БИМАС 2014 публиката имаше можност да се запознае со најновите текови на словенечката архитектура. Миха Дешман, доцент на Универзитетот во Љубљана – Факултет за архитектура, одржа предавање за случувањата во архитектурата во Словенија во последните пет години, од 2008 до 2012 година. Тој прикажа проекти и објекти кои се носители на мислата на современата архитектура во Словенија. Практично на присутните им беше понуден  комплексен преглед на информации на живата архитектонска сцена во Словенија.

Додека Дешман зборуваше општо за најновите случувања во архитектурата на таа земја, Томаж Канцлер, доцент на Универзитетот во Марибор оддел за архитектура,  поранешен заменик градоначелник на Марибор и ко-директор на комисијата за меѓународни конкурси при УИА и Урош Лобник, доцент на Универзитетот во Марибор оддел за архитектура се задржаа на еден конкретен пример.

Тие гостуваа со изложба „Современа архитектура на Марибор – 20 години“ и одржаа предавања за структурните промени во изминатите две децении во кои Марибор, втор по големина град во Словенија, поранешен важен индустриски град се трансформира во град со регионално културно значење. Како потврда на тоа, Марибор беше прогласен за Европска престолнина на културата во 2012 година.

Испрати коментар

Scroll To Top