Насловна / Архитектура / СРЦ „Брегалница“ станува реалност: „Аква ленд“ околу градскиот базен

СРЦ „Брегалница“ станува реалност: „Аква ленд“ околу градскиот базен

Општина Штип ја започна постапката за реализација на проектот Спортско-рекреативен центар „Брегалница“ на локација кај градскиот базен. Преку соодветни законски процедури, променет е деталниот урбанистички план, со што се отвора простор за реализација на овој интересен проект.baz-04

СРЦ „Брегалница“ се наоѓа во близина на реката и познатиот камен мост од турско време кој е споменик на културата, односно од десната страна на река Брегалница.0012 (1)

 

Просторот делумно е изграден и постои отворен олимписки базен со соблекувални и тениски терени. До парцелата ќе се пристапува преку новопроектирана сервисна улица на која се надоврзува станбен објект. baz-01

Целиот комплекс на Спортско-рекреативниот центар „Брегалница“, според Деталениот урбанистичкиот проект, генерално може да се подели на две функционални целини: Зона за спорт и рекреација и Хотелски комплекс. Зоната за спорт и рекреација зафаќа површина од околу 11.000 м². Вкупната површина на Регионалниот спортско-рекреативен центар „Брегалница“ изнесува над 14.000 м2. Од нив, изградена површина 3.800 м2, парковска површина 8.450 м2 и површина покриена со вода 1.956 м2.baz-03

Преку главната влезна партија на спортско-рекреативниот центар се пристапува до сите новопредвидени содржини: аква парк со детски базен, олимписки базен, рекреативен базен, отворен шанк, атрактивно водно село, детско игралиште и тениско игралиште. baz-05 baz-08

Сите содржини меѓусебно се поврзани со пешачка патека низ самата локација. Хотелскиот комплекс има директен пристап од сервисна улица, преку влезниот хол комплексот има и директен контролиран пристап до спортско-рекреативниот центар. Паркирањето за оваа парцела целосно ќе биде решено со катната гаража, односно предвидени се 200 места за паркирање за потребите на конструираната парцела.baz-06

Дел од објектите постојат, а се наметнува потребата од нивна комплетна обнова и адаптација според новиот модерен проект. Тоа практично значи дека големиот базен со олимписки димензии кој постои останува, само што ќе биде комплетно обновен. baz-09 baz-10 baz-11

Тој е дотраен и во последните десетина години редовно се изнајмуваше на концесионер во текот на летото, но за жал, неговата „обнова“ се сведуваше на крпење на дупките со цемент и фарбање. Тоа не беше доволно, па уште во првиот месец од летото, дупките пак се отвораа и цементот се распаѓаше. Исто така, и соблекуваните и тениските терени кои сега постојат ќе го добијат соодветниот лик.baz-14 baz-15 baz-19 baz-18 baz-17 baz-16 baz-20 baz-21 baz-22 baz-23 baz-25 baz-26 img356

Инаку, за овој спортско-рекреативен центар е изготвен соодветен архитектонски проект и основни проекти кои се финансирани преку германската Влада и Источниот-плански регион и ГТЗ во висина од над 20.000 евра, што значи локалната самоуправа мора да го реализира овој ДУП онака како што е предвидено со проектите и измените. Инвеститорот може со дополнителна инвестиција да донесе и топла вода од изворот Л’џи, со што ќе се искористат природните топлински извори, а со самото тоа ќе се овозможи целиот комплекс да користи природна топла вода и за водните базени, но тоа останува негова одлука.

Проектант на спортско-рекреативниот центар е архитектонското биро „СТУДИО АТРИУМ“ од Штип.

Испрати коментар

Scroll To Top