Насловна / Вести / Србија: Завршена е изградбата на термоцентралата „Костолац Б3“

Србија: Завршена е изградбата на термоцентралата „Костолац Б3“

Сите работи на термоелектраната „Костолац Б3“ во Србија се завршени, а успешно се спроведени пробната работа и гаранциските испитувања. Во завршна фаза е усогласувањето на документацијата и се очекува во наредниот период од околу две недели, електраната ан биде превземена за управување од страна на државната компанија „Електропривреда Србије“ (ЕПС). Станува збор за проект од стратешка важност, бидејќи со новиот блок од 350MW значително ќе се подобри енергетската сигурност на земјата. Истовремено, мора да се истакне дека ова е прв голем производен капацитет за електрина енергија во Србија во сопственост на државата после 35 години. Сите работи на изградбата на овој капацитет ги изведе кинеската компанија CMEC.

Србија планира и други инвестиции во енергетиката во соработка со кинески компании. Меѓу останатите, има планови за изградба на фабрика за соларни панели, како и изградба на хибридна постројка која вклучува ветерен парк, соларни електрани и фабрика за производство на зелен водород, во соработка со компанијата Shanghai Fengling Renewables. Исто така, разговарано е и за можностите за развој на најсовремена технологија за складирање на енергија со компримиран воздух, на која кинески компании почнале да работат уште пред десет години, а за која неодамна е потпишан Меморандум со China International Group.

Испрати коментар

Scroll To Top